Нова снежна покривка во Крушево, на задоволство на посетителите, туристите и пред се’ на љубителите на зимските спортови.
„Оваа зима е навистина исклучителна, со многу снег, многу туристи, но и обврски на службите кои треба да се завршат, “вели крушевскиот градоначалник Томе Христоски.
На терен веќе се службите на ЈП Комуна.
„Излеговме на терен и се расчистува снегот. По престанување на врнежите ќе се посолува со цел да се превенира замрзнување. Ги информираме граѓаните дека во нашата работа се водиме според програма за зимско одржување на улиците,“ информираат од јавното претпријатие.