Ј.П Исар обезбеди две машини за чистеше на снег по тротоарите во градот но и за пробивање на селските патишта.

„ Станува збор за донација која што  заеднички ја обезбедија нашиот сограѓанин од Швајцарија, Марјан Попадинов и хуманитарната организација „Подај рака-спаси живот“. Машините се веќе во Ј.П Исар, сервисирани се и ќе бидат ставени во функција кога ќе има потреба. Машините се за чистење на тротоари, тротоарски површини и пробивање на селски патишта. На овој начи во услови на врнежи од снег, ќе бидеме поподготвени побрзо да одговориме на потребата од чистење на тротоарите и селските патишта, тие да бидат чисти и проодни за движење на возила и пешаци, “ образложи в.директорот на Ј.П Исар Трајче Здравков.

 

Цената на една од машините за чистење на снег е 4500 евра, што значи добиената донација е во вредност од 9000 евра. Во следниот период, како што информираше Здравков, ќе бидат обезбедени уште три машини.

„ Двете машини ќе ги задоволуваат потребите за чистење на тротоарските површини, новите ќе се користат за чистење на селските патишта,“ додаде Здравков.

 

Инаку за периодот што претстои, со подобрување на временските услови, како што информира директорот, ќе се започне со интензинва работа во ЗОО паркот. Ќе се прават нови живеалишта, бидејќи паркот ќе добие нови жители, а тековните ќе се преадаптираат . Продолжуваат и активностите околу уредувањето на паркот во населбата „Сењак“којшто до месец март комплетно ќе биде завршен.