Годишните билети за паркирање во Штип отсега ќе траат 12 месеци од денот на купувањето на билетите, наместо до крајот на календарската година.
Новината како што најави директорот на ЈП Стипион ќе започне од следниот месец, а се донесла по реакции од граѓаните.
– Знаете дека досега годишните талони траеа една календарска година, односно талонот купен во јануари и оној купен во јуни, траеа до 31 декември таа календарска година. Сега доколку некој купи годишен талон во август, тој ќе му трае до август наредната година, вели Ефтимов.
Инаку ЈП Стипион во пресрет на новата година ги намали цените на билетите за паркирање за вработените, дистрибутерите и резидентите.