Инвестициите во спортската сала во Крушево веќе даваат резултат. Од девети јануари на спортски подготовки во спортската сала е одбојкарскиот клуб Јанта.
„Започнавме со привлекување на националните тимови и клубовите на висински подготовки во Крушево.Спортската инфраструктура, одличните услови, како и содржините кои ги овозможуваме во спортската сала стануваат привлечни и посакувани за спортските екипи и спортистите.“, вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Во спортската сала изминатиот период се работеше на реконструкција, проширување на намената со поставување на карпи за искачување, опремување со спортски реквизите, изградба на инфраструктура за гасификација и оспособување на теретана. Овој проект беше дел од „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево.
Очекуваните резултати од проектот се поттикнување и развој на туризмот.