Од денеска повторно е во функција жичарницата до врв на Водно, за ова информираше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на нејзиниот официјален Фејсбук профил.

„ЈСП ги заврши сите неопходни процедури за пуштање на жичарата во функција од технички и безбедносен аспект. Во изминатиот период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од страна на Државен инспектор за жичарници како и редовен технички преглед. Воедно во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б)“, напиша Арсовска.

„Во изминатиов период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од Државен инспектор за жичници, како и редовен технички преглед. Жичницата е повторно функционална и скопјани можат да ја користат“, истакна Илиевски.
Протоколот за користење на Жичарницата во услови на Ковид-19, меѓудругото, предвидува во кабина да се дозволи превоз на максимум 4 лица, кои имаат обврска да носат маска.
Жичарницата ќе работи секој ден, освен секој понеделник и последен вторник во месецот, од 10 до 17 часот. Повратен билет за возрасни чини 100 ден, а 50 денари е билет за деца. Деца до 6 год имаат право не бесплатен превоз.
АВТОБУСКИ ЛИНИИ
До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии:
*25 (Транспортен центар-Средно Водно), секој ден освен понеделник, а линиите
*25А (Автомакедонија – Средно Водно) и
*25Б (Дом на печат – Средно Водно), само за викенд и држ.празник
Сите три линии за време на викенд и држ.празник се бесплатни за сите категории патници/граѓани.
ПРЕВОЗ НА ДОМАШНО МИЛЕНИЧЕ (КУЧЕ) на користење се отстапуваат два транспортера за превоз на домашно милениче (куче со мал/среден раст) дозволен е и превоз на куче/придружник на лицата со хендикеп.