Децата во село Боринат од денес ќе учат во убави реновирани простории. Официјално пуштено во употреба подрачното училиште ОУ „Никола Карев“. Училиштето е целосно реновирано, со нови, дополнителни содржини и подобрени услови за учениците.
„Дојдовме до крајот на реализацијата на овој проект. Годината ја завршуваме со овој голем проект за младите и учениците. Но, покрај тоа што ги подобруваме условите во ова училиште создаваме и една пријатна атмосфера за учениците. Она што е уште поважно е дека овој проект е најава за големи инвестиции во образованието, односно реконструкција и доградба ќе имаат уште неколку подрачни училишта идната 2022 година.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
„Јас сум наставник во ова училиште 40 години и чувствувам вековна промена. Среќен сум што доживеав да работам во вакви услови.“, вели еден од наставниците во подрачното училиште во Борино Далип Демиќ.
Во ова училиште учат деца од прво до петто одделение од две националности – Бошњаци и Албанци. Наставата во училиштето се одвива на два јазици – македонски албански.
Училиштето се реновираше во рамки на проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), компонента 3-обезбедување стимул на училишта /реновирање.
Реализацијата на проектот чини околу 2 милиони и 400 илјади денари.
Од областа на образованието во тек е реконструкција на фискултурната сала и промена на кровната конструкција во ООУ „Никола Карев“ Крушево