Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, присуствуваше на годишната конференција за децентрализација и локално управување во организација на УНДП.
Арсовска се обрати на панелот „Родово сензитивни локални самоуправи“ на кој зборуваше за важноста на родовата еднаквост и за можностите за вклучување на жените во јавниот живот во нашето општество.
„Сите можевте да видите дека во ова предизборие имаше навистина големи напади, напади и обиди да се исфрлат од игра сите оние за кои се сметаше дека се послаба алка. Верувам дека се докажа спротивното, дека победија човечноста и успешноста. Вчера бев избрана за првата жена претседател во скоро 50 години постоење на ЗЕЛС и сум прва избрана градоначалничка на Градот Скопје. Од една страна, тоа претставува голема одговорност, но од друга страна, за мене одговорноста е уште поголема што успеав да се изборам со сите дискредитации и дискриминации во изминатиот период. Затоа, не е за чудење што е намален бројот на жени градоначалнички на само две, имајќи ги во предвид директните инструирани напади, кои се обиди да нема жени на високи и одговорни позиции, особено кога тие се избрани, а не назначени“, рече денеска градоначалничката Арсовска.