Денеска Управниот одбор на ЗЕЛС, едногласно гласаше градоначалничката на Град Скопје да застане на позицијата претседател на ЗЕЛС.
„ЗЕЛС како организација што ги обединува сите 81 општина во Македонија, денеска Управниот одбор ми ја даде едногласно својата доверба во следниот 40 годишен мандат да го водам ЗЕЛС како негов претседател. Едновремено беа избрани двајцата потпретседатели, Висар Ганиу кој што е актуелен градоначалник на општината Чаир и градоначалникот на општината Валандово, Перо Костадинов“, рече градоначалничката Данела Арсовска.
Децентрализацијата продолжува, истакна Арсовска. ЗЕЛС ќе се залага за локалната самоуправа да има поголеми надлежности.
„Она на што ќе се псоветиме во следниот четири годишен мандат е продолжување и поинтензивно посветување на процесот на децентрализација кој се одвива повеќе години наназад, кој што процес во следниот четири годишен период ќе обезбеди поголема финансиска стабилност на локалната власт и секако превземање на нови и поголеми надлежности на единиците на локалната самоуправа. Верувам дека ќе имаме можност да покажеме и докажаеме како ЗЕЛС како организација што ги обединува сите 81 општина во Македонија, дека ќе можеме како и денешниот ден едногласно да ги носиме одлуките, да ги застапуваме интересите на граѓаните кои што сега во овој момент ни ја дале својата доверба и дека ќе овозможиме во следниот четири годишен мандат да ги реализираме сите прокети кои што ги имаме заеднички зацртано“, рече Арсовска.
Таа е задоволна од компактниот Управен одбор кој едногласно ги донел своите одлуки, кој што би требало да значи дека фокусот на сите ни е подеднаков.
„Да имаме децентрализација, процес кој ќе биде поинтезивен во следниот период. Верувам дека во тој процес на децентрализација ќе успееме да постигнеме и поскоро пренесување на голем дел на надлежностите од централната на локалната власт, поголема фискалана независност на самите општини. И едно од барањата до Владата ќе биде општините во овој период кој е навистина тежок да им се обезбеди дополнителна финансиска помош, практично во сметките за струја кои претставуваат големо оптеретување на голем дел од општините. На голем дел од нив договорите им беа раскинати од старна на трговците и сега во овој момент се соочуваат со неизвесност дали ќе можат или нема да можат овие зголемени суми да ги исплатат сметките кои што ќе им пристигаат“, изјави Арсовска на денешната прес конференција.