Куманово го доби својот сувенир за 2021 година. Традиционално Комисијата за избор на сувенир на Општина Куманово одлучуваше по понудените решенија на 4 автори, по што го избра решението на Наташа Кузмановска, со решението “Слика на стакло на Занаетчискиот дом во Куманово”.
Градоначалникот Максим Димитриевски рече дека Кузмановска ќе има обврска да работи на сувенири за Куманово во текот на следната година.
Во конкурсот е наведено дека сувенирот треба да содржи елементи на препознатливост, но и отсликување на традицијата и
културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот
Куманово. Кузмановска се одлучила во своето дело да го стави препознатливиот Занаетчиски дом.
Сувенирот на Кузмановска е прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот.