Паркирањето во Штип од следната година ќе биде поевтино. В.д директорот на ЈП Стипион, Игор Ефтимов, најави дека ќе поевтинат месечните, но и годишните билети за паркирање. Според направените анализи како што вели тој, ваквите цени ќе бидат поприфатливи за граѓаните.
Општиот талон за паркирање на сите места кој досега беше 6.000 денари годишно, ќе биде намален на 5.000, или 500 денари доколку се купи месечен билет.
Ако досега вработените во градскиот сектор плаќаа четири илјади денари годишно за паркинг, или 400 деари месечно, од идната година тие ќе плаќаат две илјади, односно 200 денари.
За дистрибутерите на стока паркингот ќе биде три илјади денари годишно или 300 денари месечно.