Засадени 16 портокалови цветови во центарот на Куманово во знак на Националната кампања против насилство врз жените и девојките. Активноста е во чест на 16 дена активизам против родово базирано насилство, а со цел е да се зајакне свеста за борбата против насилството.
По тој повод, заеднички ги засукаа ракавите советнички од Советот на општина Куманово и претставничките на граѓански организации и симболично на градскиот плоштад засадија цвеќиња.
Во рамките на одбележувањата, закажана е трибина, која е предвидена да се одржи на 10 декември во Занаетчискиот дом.
Освен граѓанските организации и советничките ќе присуствуваат и претставници на Центарот за социјална работа и полицијата кои ќе ги презентираат податоците со коишто располагаат за семејното насилство, а ќе се поведе и иницијатива за идна заедничка соработка со граѓанскиот сектор.