Бугарскиот амбасадор денеска дојде на посета во Штип со цел да се запознае со новиот градоначалник и да разговараат за досегашните реализирани проекти, но и за идната соработка која може да се воспостави.
Градоначалникот Иван Јорданов вели дека веќе се работи на проект, донација од бугарската амбасада во штипската детска градинка Астибо.
– Ги разгледавме и можностите за идни проекти и соработка која ќе значи развој на нашиот град. Штип отсекогаш имал и ќе има релации со Република Бугарија. Денеска ја начнавме и темата за обвнова и реставрација на историското Ново Село, можност за спојување на двата народа и можност за идна соработка во делот на туризмот, културното наследство и економијата, истакна Јрданов.
Бугарскиот амбасадор изрази задоволство што дојде да се запознае со новиот градоначалник, а за донацијата во детската градинка рече дека ќе биде во вредност од 35 илјади евра.