Поради обилните врнежи од дожд во изминатите 24 часа, заматена е водата во општина Крушево. Од локалната самоуправа со апел.
„Заради обилните врнежи во текот на изминатите 24 часа настана заматување на водата. Граѓаните да не ја користат за пиење или пак доколку се конзумира истата задолжително да се преврива,“ информираат од општина Крушево.