Трајко Славевски од ВМРО ДПМНЕ е новиот претседател на Советот на Град Скопје, вакава одлука се донесе на денешната конститутивна седница одржана во кино „Фосина“ во МКЦ. На седницата исто така беа верификувани мандатите на 45 советници.
Славевски беше предложен од советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Владимир Нелоски, кој доби поддршка од 24 советници, додека советниците од СДСМ гласаа против или беа воздржани.
Новиот претседател на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски во своето обраќање истакна дека во советот сите се еднакви ебз разлика на политичката партија од која доаѓаат, и дека сите треба да работат на решавање на градските прашање. Како приоритет го истакна проблемот со јавните претпријатија загубари, со цел да се дојде до ефикасни јавни претпријатија и институции.
Новиот Совет на Град Скопје го сочинуваат 45 члена, а нивниот мандат трае четири години.
Арсовска во своето обраќање истакна дека во Советот има квалитетни и професионални личности кои ќе придонесат во квалитетот на работењето на Советот на Град Скопје.