Изградба на резервоар за вода во с. Јакреново кој е во завршна фаза (завршна фаза), Изградба на резервоар за вода во с. Пресил,, Изградба на објект во центар за параглајдинг и Реконструкција на дел од ул. Питу Гули со изградба на паркинг, се меѓу позначајните проекти.
Изградбата на резервоарот за вода во с. Јакреново се одвива непречено и е во завршна фаза. Резервоарот е втора фаза од проектот за водоснабдување на ова населено место. Во рамки на првиот дел од работите се работеше на реконструкција на постојни и изградба на нови каптажи и изградба на цевковод. Со резервоарот целосно ќе се надминат проблемите со водоснабдување во ова населено место. Проектот се имплементира преку Министерство за транспорт и врски
Во тек е изградбата на резервоар за вода во с Пресил. Стариот резервоар кој беше мал и оштетен ќе биде заменет со нов со зголемен капацитет. Проектот се имплементира во рамки на „Развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој“ на Бирото за регионален развој, а договорот со изведувачот чини 2 122 272 денари.
Во завршна фаза е и изградба на мал објект на полетувалиштето на Мечкин камен кој ќе одговори на потребите на организациите на меѓународните првенства во параглајдерство и змајарство. Објектот ќе содржи канцелариски простор, просторија за чување на опремата на натпреварувачите, тоалети и простор за кафе и чај. Инвестицијата чини 4 милиони денари/
Се работи на реконструкција на дел од улица Питу Гули, односно од црквата Св. Троица до хотел Монтана Палас. Во близина на хотелот ќе биде изграден и паркинг простор.
Покрај овие проекти кои се реализираат на терен се работи на нови проекти кои се административна процедура.