Претставници на општинската администрација и Советот на општина Струмица учествуваа на промоцијата на анализата „Граѓанско учество во креирање политики и донесување одлуки на локално ниво – Компаративна анализа од Југоисточниот плански регион“ која што во организација на Институтот за истражување – Импакт се одржа во Струмица.
Општина Струмица учествуваше во истражувањето кое што беше спроведено во август 2017 година и даде свој придонес кон финалната анализа која што беше презентирана денеска, а на која главни теми беа досегашните практики на општините и воспоставување квалитетни механизми на граѓанско учество во носењето на локални одлуки и политики. Општина Струмица одамна го препозна значењето на граѓанското учество во креирањето на политики и носењето на одлуки на локално ниво и меѓу првите започна да го практицира преку повеќе видови на форми и процеси. Со истражувањето беа опфатени повеќе фокус групи од сите десет општини во Југоисточниот плански регион.