Крушевчани добија можност, додека трае реконструкцијата на улицата ,,Питу Гули“ да се вклучат со свои забелешки и сугестии со кои што ќе дадат свој придонес но и подобар квалитет во реализацијата на проектот.
Проектот за поврзување на локални патишта, под-проект „Реконструкција и доградба на постоечка улица Питу Гули – град Крушево“ предвидува механизам за собирање на коментари и поплаки во однос на имплементацијата на наведениот проект.
Оваа можност е достапна на официјалната интернет страница на општина Крушево веќе неколку месеци, а истата е достапна од 5 октомври, во општина Крушево.
„Се повикуваат сите граѓани да ги посетат општинските простории и да го пополнат образецот со свои коментари. Истиот се пополнува анонимно, а општината и Министерството за транспорт и врски како имплементатори ќе ги земат во предвид сите пополнети обрасци,“ информираат од општината.
Овој проект е во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска Банка и имплементиран од Министерство за транспорт и врски со општина Крушево.