Со забрзана динамика се работи на реконструкцијата на патот што ја поврзува Македонска Каменица со населеното место Цера.Реконтрукцијата на овој пат беше едно од клучните барања на Општината, со цел поврзување на локалните патишта, а во функција на подобрување на условите за живот на жителите. Министерството за транспорт и врски од својот буџет, за оваа намена издвои 16 милиони денари, соопшти при увидот во работите, министерот Благој Бочварски.
Работите на локалниот пат се одвиваат со добра динамика. Драго ми е што имаме добра соработка со општината и наскоро ќе започнеме уште една многу важна артерија со улица до населеното место Тодоровци. И овде државата дава целосна поддршка. Завршени се постапкитеи наскоро ќе започнат работите на терен. За оваа улица издвоени се 13 милиони денари, директна поддршка за Македонска Каменица , кои нема потреба да ги враќаат, рече министерот Бочварски.
Според него, во делот на регионална патна мрежа во овој регион, сите патни правци се завршени.
Се завршува реконструкцијата на патот од Македонска Каменица од рудник Саса,во кој се ионвестирани 2,2 милиони евра. Преку 90 % завршени работите, останува уште поставувањето на сообраќајната сигнализација, рече Бочварски.