Триесет и деветгодишниот, Оливер Илиевски од Куманово е нов директор на ЈП Водостопанство „Кумановско-липковско поле”, подружница Куманово.
Илиевски по професија е дипломиран економист, 10 години работел како директор во филијалите на Инвест банка и Шпаркасе банка во Куманово.
За директор на Водостопанство е назначен на 26 декември минатата година, а утринава било извршено примо-предавање на функцијата.
Илиевски доаѓа на местото на Филип Филиповски, кој 6 години го водеше претпријатието.