Општина Виница беше домаќин на ,,25 Регионални пензионерски спортски игри”.
Имаше учесници од целиот источен регион, кои се натпреваруваа во повеќе дисциплини.
„Се осмеливме и во овие услови да ги организираме овие спортски игри, со огромна поддршка на локалната самоуправа,“-рече претседателот на Здружението на пензионери на Виница Петруш Данилов, на отварањато на спортските средби.
Пензионерите ги поздрави и Градоначалникот на Општина Виница – Ивица Димитров .
,,Овој настан е доказ дека пензионирањето ја претставува најубавата етапа во животрот на еден човек. Со пензионирањето животот продолжува, еланот и желбата за физички и спортски активности се за вистинска почит и претставуваат еден убав пример и даваат голем придонес за промоција на спортот и здравите навики во рамки на секојдневното живеење.” изјави градоначалникот Ивица Димитров.
,,Општина Виница секогаш е пoтготвена за подршка на сите активности и проекти кои се иницирани и реализирани од Здружението на пензионери, и понатаму активно ќе работи на остварување на взаемна соработка и развивање на партнерство. Постојано работиме на делот на обезбедување на услови за развој во сите сфери од секојдневното живеење, а особено во делот на подобрување на условите за повозрасната категорија на граѓани.” – додаде Димитров.
Натпреварите се одвиваа на три локации, на Градскиот стадион во Виница, на игралиштето на СОУ ,,Ванчо Прке” и во спортската сала на СОУ ,,Ванчо Прке”.
На овогодинешното издание на Регионалните спортски игри се натпреваруваа околу 100 пензионери, во пет спортски дисциплини, односно шутирање на мали голови – мажи и жени, слободно фрлање на кош – мажи и жени, трчање над 60 год и до 60 год – мажи и жени, фрлање ѓуле – мажи и жени и скок од место – мажи.