Подолу во текстот ви ја носиме инспиративната приказна за Мишко од ЈП Лајка. Станува збор за улично куче од скопскиот асфалт кое било повредено од страна на автомобил. Мишко по оваа несреќа е згрижен во ЈП Лајка.
„Поради трајно оштетување едната нога мораше да се ампутира. По три месеци нега и грижа, сега Мишко е спремен за својот нов дом. Да ги почитуваме различностите и кај животните Тој е жртва на неприлагодена брзина на автомобил низ градските улици. Тој плати преголема цена што е бездомно куче“, напишаа од ЈП Лајка на Фејсбук под објавеното видео со приказната за Мишко.
Од ЈП Лајка додадваат дека за Мишко и уште многу како него за кои со месеци стрпливо се грижиме, ние како тим кој секојдневно се соочува со вакви ситуации и сме во првите линии за помош од првиот ден на постоење на нашата служба како сервис, упатуваме молба до сите граѓани заедно да му најдеме најубав дом.
Во моментов Мишко бара дом и сопственик, во описот за неговото посвојување стои дека Мишко е младо куче со весел карактер, кое и покрај својот хендикеп тој нема никаква пречка да функционира нормално како и секој миленик.
„Го има поминато целиот хуман третман. Има уредна крвна слика, негативен 4D тест, негативен тест на лишманија по акредитирана метода. Го добивате со пасош, прочистен од внатрешни и надворешни паразити, кастриран, чипиран, вакциниран против беснило и заразни болести, избањат и со веќе стекнати хигиенски навики“, напишаа во објавата од ЈП Лајка.