„Заловен од скопските улица, во населбата Новоселски пат, со трајно оштетување на окото и малтретирано од локалните жители, Дарио од денеска го живее американскиот сон“, ваква е приказната на кучето Дарио од ЈП „Лајка кое по повеќе од три месеци поминати таму, и по долга и напорна работа, на 2 септември 2021 година се збогуваше со ситевработени, подготвен за патот од 16 часа, преку Виена до Чикаго.
„Дарио, кој има две години, е првото куче од „Лајка” што патува надвор од земјава и се вдомува прекуокеански, согласно сите законски процедури за транспорт на кучиња. Тој сега ужива кај новото семејство, носејќи го околу вратот плочка на која пишува „Дарио – те сака Лајка”, за никогаш да не заборави со каква љубов беше чуван сите овие месеци. Се надеваме дека во иднина многу други кучиња заловени од скопските улици ќе ја доживеат неговата судбина и ќе најдат дом надвор од границите на државата, а Лајка ќе ги обезбеди сите услови за нивно патување и наоѓање лица кои ќе им пружат живот каков што заслужуваат. Среќен и убав живот во новиот дом, Дарио“, напишаа од „Лајка“ кои посветија видео за Дарио.
Во продолжение погледнете ја видео приказната: