Фотоволтаични електрани ќе се градат на територијата Општина Крушево. Инвестицијата е вредна 5 милиони евра.
Во просториите на општина Крушево денес се одржаа јавни презентација и расправа за урбанистички проекти вон опфат на урбанистички план за изградба на овие фотоволтаични електрани.
„Ја најавуваме оваа голема инвестиција и очекуваме за брзо почеток со работа на терен. Изградбата на фотоволтаични електрани е инвестиција вредна 5 милиони евра и претставува резултат на соработка со инвеститори од државава и странство. Како што ветивме, се посветивме на изградба на инфраструктурата за да отвориме простор за инвестиции. Во блиска иднина очекуваме и нови работи во однос на инвестициите од оваа и други области“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.