За само седум дена е завршена промената на водоводната линија на улицата Личка во Штип, која не била реконстурирана повеќе од 40 години. За рекордно време се променети 260 метри од водоводната линија и се завршени 32 приклучоци до домовите на жителите.

-Денеска завршуваме со акцијата на ЈП Исар и се потрупуваат цевките кои беа поставени. Од понеделник почнуваме со градежната офанзива, раскопување на стариот асвалт и коцките, па припрема и асвалтирање на целата улица, рече Николов.

Директорот на ЈП Исар вели дека луѓето кои работеле се надминале себеси, па за рекордни седум дена, што досега никогаш не се случило, ја реконструирале улицата.

-Оваа линија досега е поправана 46 пати и е преплатена, самите поправки чинеа уште колку една улица, вели Коцев.

Инаку станува збор за инвестиција од околу 1,5 милион денари, пари од општината и ЈП.