Уметничкиот проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“ се претставува на меѓународниот фестивал „Mлади Леви” во Љубљана.
Денеска во зградата на старата електрична централа во Љубљана, Словенија (Stara mestna elektrarna), со почеток од 21 часот, ќе биде изведен перформансот „Оваа зграда зборува (на)вистина” во рамки на 24. издание на еден од најзначајните фестивали во Европа, меѓународниот фестивал за перформативни уметности „Млади Леви”.
„Оваа зграда зборува (на)вистина” на авторот Филип Јовановски е перформативна инсталација за историјата на Скопје во размер 1: 100, која ја доби главната награда Златна Трига на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2019 година и оттогаш гостуваше на повеќе меѓународни фестивали како МОТ во Скопје и БИТЕФ во Белград.
Уметничкиот проект е продуциран од Музејот на град Скопје, а истиот беше финансиски поддржан од Град Скопје.