На 4-ти септември во Крушево ќе се одржи улична трка во трчање на 5 километри во знак на одбележување на Денот на независноста и Денот на ослободување на Крушево 8-ми септември.
Трката е во организација на Центар за хумани односи во рамки на проектот „Младински активизам за еко туризам“ со финансиска поддршка на Агенција за млади и спорт и во партнерство со општина Крушево.
Засега се пријавени околу 30 учесници, а останатите заинтересирани можат да се пријават на www.smartrace.club.
За подобра и поуспешна организација се одржа средба меѓу организаторите и претставници од угостителскиот сектор. На средбата угостителите се согласија за поддршка на настанот, односно угостителите ќе овозможат бесплатен престој, храна, пијалоци и слично на најдобрите натпреварувачи во машка и женска конкуренција.
„Овој настан на 4-ти септември очекуваме да поттикне поголема посетеност, а сертификатот за Ковид 19 безбедна дестинација доделен од Европскиот совет за туризам и трговија во наредните години ќе ја зголеми посетеноста за 50 проценти, според очекувањата.“, изјави градоначалникот Томе Христоски, по средбата.