Во центарот на Скопје пеш се стигнува побргу до било која дестинација отколку со автомобил. За град со големина на Скопје каде 80 отсто од жителите се сконцентрирани во некое централно градско подрачје доста добар начин е движење пеш.
„Пеш се движам во централното градско подрачје и би рекол дека сите дестинации од моето работно место што се наоѓа во Дебар Маало ми се на 10 -15 минути дистанца и апсолутно мислам дека нема потреба да се користи автомобил да се зазема простор за пешаците, да се загадува зеленилото, да се нервирате за паркинг туку едноставно прошетајте низ уличките и барајте тие да станат пешачки зони“, вели Слободан Јаќоски, маркетинг менаџер и твитерџија.
Од Музеј на Град Скопје до Стара Чаршија се стигнува за 10 минути, Скопското Кале е оддалечено само 5 минути од Чаршијата, од Калето до Градскиот Парк се стигнува за 10 минути.
Во меѓувреме возачите трошат до 30 минути во барање паркинг, трошат гориво и ја загадуваат животната средина.