Корисниците на социјална парична помош во Куманово од среда ќе можат да ги обноват документите за добивање помош, информираат денеска од Центарот за социјални работи во Куманово.
Обновата се спроведува согласно Законот за социјална заштита, а корисниците на социјална парична помош се должни да поднесат ново барање во тековната година. Од вкупната бројка, најголем број корисници се во Куманово околу 2.000, во Липково 1.700, а во Старо Нагоричане 200.
„Ние имаме сериозна бројка на корисници на социјална парична помош, околу 4.000 корисници, кои што треба да поднесат ново барање. Барањата ќе ги добијат во нашата установа комплет, со себе треба само да понесат лична карта, односно лична карта на сите полнолетни членови“, изјави в.д. директорката на Центарот за социјални работи, Александра Арсовска.
Податоците кои што се потребни за преиспитување на материјалната сосотјба на семејството, Центарот ги добива по службена должност од соодветните институции, како што се УЈП, МВР, АВРМ и останати инстиуции.
„Со обновата стартуваме од 15 ноември, а ќе трае до 31 декември, во тек е исто така обнова на документи односно поднесување на барање на корисниците на постојана парична помош, која што исто така стартуваше и ќе трае до 31 декември“, информира Арсовска.
Во однос на корисниците на постојана парична помош во која влегуваат лица постари од 65 години, лицата неспособни за работа и самохраните родители на деца до три годишна возраст за кои што е потребна дополнителна документација.