Ден на загинување на народниот херој Славчо Стојменски
Денеска, 17.08.2018 г., делегација од Општина Штип, предводена од градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ќе положи цвеќе кај споменикот на алеа на народните херои по повод денот на загинување на народниот херој Славчо Стојменски, со почеток од 10:00 часот.

 

 

Ден на АРМ
Денеска, 17.08.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ќе присуствува на свеченоста по повод Ден на Армијата на Република Македонија со почеток од 10:30 часот во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

Јавна дебата
Вчера, 16.08.2018 г., се одржа јавна дебата како дел од активностите на проектот „Да учиме и твориме заедно без дискриминација“ подржан од Националниот Ромски центар Куманово. На оваа јавна дебата се промовираше извештајот од анализата на анкетните прашалници на тема „Колку е застапена дискриминацијата на ромските ученици во основните училишта во Штип“.

 

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на мал плоштад кај пензионерски дом
– Реконструкција на тротоар на ул. „Тодор Коларов“
– Изградба на игралиште во Блок 70
– Замена на улични светилки во градот