Отчет на штипскиот градоначалник-Трите капитални проекти ја чекаат потребната документација за старт

Гасификацијата, брана на реката Отиња како и изградбата на детска градинка се трите капитални проекти  на кои што во изминатите  месеци се работеше интензивно. Се подготвува документацијата  и се чекаат потребните одобрувања, кажа во својот отчет  за  шестмесечната работа  штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

-По Куманово и Струмица, Штип е првата општина која што почна со гасификација  на градот и изградба на 20 километри гасоводна мрежа.Избрана е и на тендер, фирмата ,,Простор,, од Куманово, која работи на изработка на проектот, за што од буџетот се издвоени 700.000 денари, плус  ДДВ-информираше Бочварски.

Изградбата на брана на реката Отиња , ќе значи нов квалитет на животот во општината.Промена на микроклимата,биолошки минимум во реката Отиња, развој на спортот и рекреацијата во градот, урбанизација на просторот, изградба на хотели, викендици, ресторани како и други пропратни објекти.

-Таму сме веќе во фаза на ревизија на проектите што ги имаше изработено општината,но бидејќи се стари и во таква форма такви какви што се ,не можеме да добиеме градежно одобрение.Сега се работи  и на ревизија и на студијата за оценка на влијанието врз животната средина.Кога ќе бидат готови сите овие проекти, а моите очекувања  се тоа да биде до крајот на годината, ќе можеме да бараме одобрение за градба.,,информираше Бочварски.

Реализацијата на овие два проекти би требало да започнат идната година.Она што наскоро треба да започне со реализација е изградбата на детската градинка во населбата ,,Сењак,,

-Градинката  ќе биде со капацитет за 200 деца.Владата деновиве треба да ја донесе одлуката со која Штип од Бирото за рамномерен регионален развој ќе добие 16 милиони, а останатите 20 милиони денари ќе се обезбедат од буџетот,,кажа Бочварски

Горлив проблем на општината е сообраќајниот хаос.Деновиве стартуваше изградбата на втората платформа која што треба да обезбеди 50 нови паркинг места а најавена  е и изградбата и на платформата кај спортскиот центар,,Џексон,,Со цел намалување на сообраќајната гужва во централното градско подрачје донесена е одлука ,преку јавната дебата што ја организираше општината,изградба на тротоари на конзоли над реката Отиња,а паркинзите ќе бидат на местото на тротоарите.Улиците на потегот од  црквата ,,Свети Никола,, до Судот, остануваат еднонасочни, но сообраќајот ќе се одвива по двете ленти.

На денешниот отчет , на мапа беа презентирани реконструкциите на сите улици и тротоари во градот, водоводни и  канализациони мрежи.Бочварски најави дека деновиве ќе биде поставен и мостот ,како дел од обиколницата од населбата Сењак до булеварот ,,Гоце Делчев,,.

Градоначалникот Бочварски зборуваше и за активностите на јавните претпријатија,.

Општина Штип и локалните институции сега работат домаќински и внимаваат на секој денар од народните пари. Како пример за ваквото посветено и финансиски внимателно работење се заштедите кои што ЈП „Исар” ги оствари во само првото тромесечје од оваа година. Станува збор за заштеди од 3.700.000 денари. Со овие средства ќе се обезбеди нов багер, потребен во одвивањето на секојдневните активности и Ј.П ,,кажа во своето обраќање градоначалникот Бочварски.