На ден 29.04.2020 год. (Среда) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе ларвицидна  дезинсекција со цел уништување на ларвите на комарците. Третирањето ќе се врши во периодот од 09 до 13  часот.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојните води во урбаните населби и локалитети на трериторијата на општина Штип.

Третирањето ќе се изведува со препаратот BIOPREN 4GR со активна материја Isopropyl (7S,2E,4E)-(+)-11-methoxy-3,7,11-Trimethyldodeca-2,4-diedonat ларвицид.

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.