Дневен билтен на Општина Штип – 12.07.2018

30

Шеста седница на УО на ЗЕЛС
Денеска, 12.07.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ќе присуствува на шестата седница на Управен Одбор на ЗЕЛС, којашто ќе се одржи во просториите на ЗЕЛС со почеток во 12:00 часот.

 

Ждрепка за Балканското првенство во одбојка на песок
Денеска, 12.07.2018 г., во 20:00 часот во хотел „Оаза“ ќе започне ждрепката за извлекување на групите за Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 21 година, кое ќе се одржува на 13, 14 и 15 јули во дворот на гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип. На ждрепката за извлекување на групите ќе присуствуваат претставници од Одбојкарската Федерација на Република Македонија, меѓу кои и претседателот на Федерацијата, Зоран Карановиќ, како и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Настани во рамки на Штипско културно лето
Денеска, 12 јули (четврток), во ПД „Вртешка“ со почеток во 20:30 часот ќе се одржи традиционалниот хепенинг „Вртешка“.

Работилница: „Подобрување на општинското владеење“
Вчера, се одржа еднодневна работилница на тема „Подобрување на општинското владеење“, организирана од страна на Центарот за развој на источен плански регион. Работилницата се одржа во хотел „Изгрев“ со почеток во 10:30 часот, а на неа се дискутираше за грантовата шема за Центарот за развој на источен плански регион, финансирана од страна на UNDP.

Дневни активности на јавни претпријатија

Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на тротоар на Бул. ЈНА
– Реконструкција на мал плоштад пред пензионерски дом
– Тампонирање улица во населба Железничка
– Санирање ограда на игралиште во Пребег
– Замена на улични светилки во градот
– Обележување хоризонтална патна сигнализација

 

РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:

  • Ул Скопска санирање дефект на водоводна линија
  • Ул Солунска санирање дефект на водоводна линија
  • Ул Мирче Ацев санирање дефект на фекална канализација
  • Санирање површини на улиците Никола Карев и кај Стопанска Банка (собирање шут)
  • Поставување нова водоводна линија за нас Балканска и Чардаклија
  • Изведба на нова линија во нас Блок 77 Каваклија
  • Канализација – разни локации во градот

РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:
– Kосење трева низ централно градско подрачје
– Косење трева низ градски гробишта
– Косење трева покрај црква Св. Петка во с. Сарчиево
Тековно одржување на паркови површини