Соопштение за тестирање на пријавените кандидати за инструктори и попишувачи за Штип и Карбинци

Тестирањето на пријавените кандидати за инструктори и попишувачи во Пописниот реон 16 за општините Штип и Карбинци, ќе се одржи на 19.08. (четврток) и 20.08.2021 (петок) во просториите на Основното училиште „Ванчо Прке” во Штип.

Списоците со пријавените кандидати како и датумот и часот на тестирањето ќе бидат објавени на 18.08.2021 година (среда) на огласната табла на Општината Штип и на ВЕБ страницата на Општината Штип opstinastip@stip.gov.mk.

Сите пријавени кандидати кои не ги доставиле потребните документи до ДЗС, истите да ги понесат со себе на денот на тестирањето.

Одлуката за избор на инструктори и попишувачи ќе биде објавена на 23.08.2021 година (понеделник) на огласната табла на Општината Штип, на ВЕБ страницата на Општината Штип и на ВЕБ страницата на Државниот завод за статистика.

Избраните реонски инструктори ќе бидат задолжени со лап топ на 23.08.2021 година (понеделник) во седиштето на КПР16 во Сала 2 на Општина Штип, а обуките ќе се реализираат од 24.-26.08.2021 година (вторник-четврток) во големата сала на Општина Штип.

Избраните реонски попишувачи йе бидат задолжени со лап-топ на 27.08.2021 година (петок), во седиштето на КПР16 во Сала 2 на Општината Штип, а обуките йе се реализираат од 28.-31.08.2021 година (сабота-вторник) во Големата сала на Општината Штип.

Сите пријавени кандидати ќе бидат контактирани на контакт телефоните кои ги имаат оставено со пријавата, поради што ги замолуваме пријавените кандидати да бидат достапни.