Современо возило за собирање смет обезбеди Општина Конче. Новото возило значи јакнење на капацитетот на комуналното претпријатие „Лакавица“ но и подобрување на квалитетот на живот на жителите во оваа општина.

 „Во соработка со Светска Банка и грант од проектот „ Подобрување на општинските услуги-МСИП“ општина Конче набави ново возило за набавка и транспорт на цврст отпад. Со капацитет од 2.5м3 новото возило ќе ни овозможи по брз и ефикасен пристап за собирање на смет до околу 800 домаќинства, покрај подобрата услуга за нашите граѓани преку овој проект ќе овозможиме и еколошка заштита на животната средина на нашата општина,“ информираат од локалната самоуправа.

Со набавка на камионот и тракторот за организирано собирање на смет за прв пат од своето постоење ЈПКД „ Лакавица“ успеа да добие лиценца за собирање и транспорт на смет како од домаќинствата така и од индустриските капацитети во општината.