Советот на општина Пробиштип едногласно ја донесе една од најважните одлуки во поновата историја на Општината. На 52-ра редовна седница, советниците ја донесоа Одлуката за утврдување на нацрт верзијата на Деталниот Урбанистички План за блоковите 3 и 6.1, односно за 410.000 метри квадратни земјиште на старата неактивна јаловишна депонија.
-Со ова се отвара можност за санација и урбанизација на истата, со што се отвара можност за изградба на фото-волтаична централа.
Јаловишната депонија од најжешка еколошка точка во Општината, во наредниот период ќе прерасне во простор на кој ќе се произведува зелена енергија, а со тоа трајно ќе го решиме деценискиот проблем на граѓаните од општина Пробиштип, вели градоначалникот Анастасов.