Во Куманово со приредба во основното училиште „Крсте Мисирков” денеска заврши манифестацијата „Месец на книгата”, која траеше од октомври до ноември годинава.
Организатор на настанот беше јавната општинска установа, библиотеката „Тане Георгиевски”, која со книжен фонд од 200.000 примероци е меѓу најбогатите во земјава.

„Годинава на наградниот литературен и ликовниот конкурс на разични теми, кои им ги зададе реномираниот писател Ванчо Полазаревски, се јавија околу 137 ученици од сите основни и средни училишта кои твореа во библиотеката. Стручно жири одлучи да додели 30-тина награди за најуспешните прозни, поетски и ликовни творби на учениците, а награди беа доделени и на најуспешните од 15-от општински натпревар „Млад библиотекар”, изјави директорот на библиотеката, Марјан Петковски.

Традиционалната манифестација „Месец на книгата” ја организира кумановската библиотека, а опфаќа литературни читања,промоции на наградувани книги, како и натпреварот „Млад библиотекар”
„Во рамките на овој месец ,библиотеката има посебна програма во насока на популаризација на книгата,  на поттикнување на младите и сите корисници на библиотечните фондови на читање и зајмување книги“, додава Петковски.