На иницијатива на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, крушевскиот совет на вонредна седница ќе расправа за ситуацијата со пожарите во врска со кои Владата прогласи кризна состојба на територијата на целата држава.

Советот на општина Крушево утре, четврток во 10 часот, ќе одржи вонредна седница со една точка на дневниот ред:

„Информација за безбедноста и сигурноста на граѓаните на подрачјето на општина Крушево во услови на прогласена кризна состојба на територија на Република Северна Македонија, предлог на мерки и активности во насока на превенција односно заштита од пожари и евентуално справување со пожарите.

Седницата се свикува на иницијатива на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, а истата ќе се одржи во салата за состаноци во горната училишна зграда.