Вакцината ги покрива типовите вирус на грип кои циркулираат во северната хемисфера, вклучувајќи го европскиот регион и Македонија, подготвена е согласно препораките на СЗО и штити од два типа на вируси од групата A и еден тип на вирус од групата Б, а производител е Абот од Холандија –  информираат од Министерството за здравство.

Вакцинацијата е единствена превентивна заштитна мерка против грип и се препорачува за лицата над 65 години, особено хронично болните лица, мали деца под три години со намален имунитет, здравствени работници, лица со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и воопшто за лица со намален имунитет. Вакцината против грип е незадолжителна и се дава на доброволна база.

Од Министерството информираат дека вакцинирањето против сезонски грип чини 400 денари, како и минатите години.