Првата асоцијација на Македонска Каменица е рударски град со еден од најголемите рудници за олово и цинк во Европа. Меѓутоа, таа перцепција полека се менува, особено последните две годни, кога од овде излегоа македонските шампионки во фудбал, втора година по ред, како и женскиот кошаркарски клуб. Со тоа, Македонска Каманица стана единствена општина со два трофеи од Купот и Плеј оф-от. Епитететот женска општина, Македонска Каменица го „заработи“ и поради тоа што е една од шесте општини во Македонија, раководени од жена градоначалник. Четврта година на чело на Општината е Соња Стаменкова, дипломиран психолог, долгогодишна медицинска сестра, која и самата е дете од рударско семејство. Со Стаменкова во еден од врелите јулски денови, на уредениот кеј на Каменичка река разговаравме за тоа високите очекувања на граѓаните, за успесите на силните каменички жени, за соработката со централната власт, но и за визијата за сосема независна енергетска општина, базирана на потенцијалот на зелената енергија.

 

Успесите на спортистките
Успесите на спортистките, како што вели Стаменкова, не дојдоа случајно. За ова да се постигне, постребни се финансиски средства.
-Уште на почетокот на мандатот, значитено го зголемивме фонд за спорот. Ако сакаме да ги извадиме младите надвор, потребно е да ги мотивираме да спортуваат. Мотивацијата дојде со успесите на овие клубови, по што двојно, па и тројно е зголемен бројот на нови членови, вели во интервјуто Стаменкова.
Големи се очекувањата на каменичани, кои можат да планираат повеќе од останатите општини и поради средствата што доаѓаат од рудникот „Саса“.  Градоначалничката знае дека барањата на нејзините сограѓани се на повиско нивои како што вели –  секогаш може повеќе и подобро, но важно е рационално да се трошат средствата за излегување во пресрет на потребите на граѓаните.
Непосредните средби со граѓаните, е формата која Стаменкова ја практивува од почетокот на мандатот.
-Тоа е вистинск начин. Кога на вакви јавни, непосредни средби ги утврдувате приоритетите, никој не може да ви приговори и тоа е вистинското за целните групи, објаснува Стаменкова.
Тоа е основата на која се базира програмата за работа, која ги опфаќа потребите на граѓаните.
Така настанаа проектите, како уредувањето на кејот на Каменичка река, за кој градначалничката вели дека останува да се доуреди  со постаување на последните две стационари.
-Тука е паркот „Младост“, на што особено се гордеам, за кој идејното решение е на млади ерхитекти, со 2000 м2  и со различни содржини, како дел од проект за доуредување на кејот. Заедно со осветлувањето, што треба да се заврши до крајот на октомври со  целосно осветлување и знам дека ќе биде максимално користен, кажа Стаменкова.

Во справување со пандемијата општината ги ангажира локалните бизниси

Пандемијата беше голем предизивик и за општината и за локалната економија. Со цел да се помогнат локалните бизниси, општината сите потребни набавки, како маски, продукти и дргуги потреби на граѓаните ги обезбедила од локалните фирми.
-Релативно добро излеговме од пандемијата. Сепак, малите и кревки бизниси, особно во текстилната индустрија, не го издржаа ударот. Каменица, покрај Штип е познат текстилен град. Се обидовме колку можеме да им помогнеме. Не баравме донации, туку ги користевме локалните бизниси за дезинфециенси, маски, локалните рестарани беа ангажирани за снабдување на луѓето. Во буџетот имавме доволно резервни средства за снабдување, единствено што не забави што сите изведувачи се подалеку од општината. Тоа ни ги забави планираните градежните активности, вели Стаменкова.
Пандемијата забави дел од активностите, но не ги оневозможи. Градоначалничката Соња Стаменкова смета дека станува уште многу за работа.
-Остана проектот со новата општина зграда. Но, пораките на граѓаните беа – „дали ова сега ви е приоритет“? Проектот останува за следниот период. Тука се и инфраструктурните проекти – претстои проектот за три градски улици, за кои тендерот ќе биде распишан следниот месец, вели градоначалничката.

Повеќе самостојност за општините со повеќе пари
За односите општина – централаната власт, смета дека потребна е поголема самостојност, со повеќе пари.
-Зголемување на процентот од ДДВ и персоналниот данок за општините, фискална децентрализација, пренесување на надлежностите, затоа што никој подобро не ги познава проблемите на граѓаните од градоначалникот и општинската администрација.
-Кога сте поблиску до граѓаните и имате ингеренции да решавате социјални прашања, проблеми од водостопанство , шумарство, тогаш многу поуспешно ќе ги решавате проблемите, смета градоначалничката на Македонска Каменица.
Од централната власт очекува побрзо решавање на некои од урбанистичките прашања, кои сега се прилично забавени и бараат време и процедури.
-Општина Македонска Каменица на сопствен трошок прави урбанистички план на 80 хектари но и урбанистички планови во селата. Благодарение на добрите односи со централната власт, некои од урбанистичкит планови се финансираат од Агенцијата за финансиска подршка, Лок патишта… Сепак, бавни се процедурите, и граѓаните губат трпение. Одиме со времени решение, но тоа кај луѓето раѓа скепса. За овие четири години е донесен само еден ДУП со 15 парцели и сите се распродадени. Во мојата општина се бара плац повеќе, се бара стан повеќе и таа процедура тоа го забавува, кажа Стаменкова.
Визијата за Македонска Каменица за Соња Стаменкова е енергетски целосно независна општина.
-Македонска Каменица има потренцијали тоа да биде – за реката имаме изработено физибилити студија и огромни се нејзините потенцијали. Можноста е со мали еколошки турбини до производство на 1,2 мегавати, со што би се задоволител потребите на цела општина, а тука е искористување на сонцето, вели Стаменкова.