Маратонци  и колеги со многу емоции и адреналин попладнето ја истрчаа меморијалната планинска трка во Македонска Каменица, во чест на педесетиот роденден на загинатиот бранител Миле Јовановски – Џингар. Педесетината учесници прво се собраа во родната куќа на Џингар во планинското село Игор Јакимовски и од таму, поминаа патека долга десет километри до неговиот споменик во центарот на Македонска Каменица. Маратонците ги испрати семејството на Јовановски – Џингар, соселаните, но и неговите колеги од единицата Волци, каде како припадник го загуби животот во тетовско Вејце, во конфликтот во 2001 година.

Случајот сакаше токму неговиот соборец и колега, Игор Јакимовски од Скопје да стигне прв на целта. За Јакимовски посебна чест и инспирација е што трчаше за Џингар, за кого рече дека бил војник во душа и срце, не само на зборови и на дело. Јунаците како него одат на првата линија и го положи животот, рече Јакимовски.

Игор Јакимовски – маратонец

Во чест на роденденот на Џингар, трчеа млади и стари, мажи и жени. Сите со некоја своја кауза или инспирација. Меѓу маратонците прва жена која пристигна на целта, беше Валентина Узунова од Богданци, која секоја своја трка ја трча за болните со пулмонална хипертензија. Узунова секој ноември организира меморијална трка во чест на својата блиска пријателка Ѓурѓица Ќаева, која почина на само една недела пред закажаното пресадување на белите дробови. Валентина Узунова, мајка на три деца, веќе пет години секој ден рано наутро претрчува најмалку десет километри или околу сто километри неделно, поминувајќи ја трасата меѓу Боганци и Дојран.

Валентина Узунова – маратонка

Маратонци од цела Македонија и од градот домаќин Македонска Каменица учествуваа во меморијалната трка.

Тони Манев трет стигна на целта

Горан Ристовски е организатор на оваа трка што се одржа за прв пат, која како што рече, очекува да стане традиционална, секоја година во чест на роденденот на бранителот Џингар.

Бранителот Миле Јаневски – Џингар е роден во село Костин Дол, Македонска Каменица на 24.07.1971 година. Син на скромното семејство на мајката Душка и таткото Бранко, Миле со својата сопруга и синот единец, го привлече униформата на македонската армија. Како водник во БСН Волци, во служба на безбедносните сили во одбрана на територијалниот интегритет на земјата, загинува кај Вејце, Тетовско, на 28 април 2001 година.

Миле Јаневски – Џингар посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија.