Ковидот повеќе од една година ги затвори државите, а тоа најмногу го почувствуваа граничните места. Бизнисите во Гевгелија, особено денталната медицина која доживеа процвет последните години остана без пацинетите од Грција, а идентично беше и со земјоделците, како главни снабдувачи со релативно евтина храна на Грците. Деновиве тој граничен живот полека се враќа, а Гевгелија полека живнува. Можноста за доаѓање на Грците е отворена, но бенифитите допрва ќе ги видеме, е ставот на градоначалникот Сашо Поцков, кој очекува зоглемување на интензитет на таа размена од одморите.

-Ковидот влијаеше многу, особено со доаѓањето на Грците, кои откако по кризата многу им се намалија платите и пензиите, користеа поефтините услуги, особено од денталниот сектор, храната и казинскиот сектор, вели Поцков.

Засега Грците се корисници на услугите, односно услужните дејности.

-Инвестициите запреа со Ковидот, имаме и протекционизам, владини мерки при што се води сметка од државата инвестициите да останат во Грција за да има нови вработување и да нема одлив надвор. Но, како што вели една стара кинеска поговорка – „Секое лошо за почеток на нешто добро“.  Моторна сила може да биде соседна Грција, дециден е Поцков.

Како економист и поранешен пратеник кој добро го знае функционирањето и на централната и на локалната власт, поборник е за измени на Законот за игри на среќа, со што еден дел да припадне во општинскиот буџет.

-Општината прави инфраструктура за сите казина, а сега во општинската каса имаме само данок на имот и дел што преку ДДВ од платите влегува во општината. Од друга страна, Гевгелија асоцира на казина, но нема непосредна заработувачка. Сите пари одат во централниот буџет. Дел треба да завршат и кај општината. Треба добра воља и зголемување на степенот на децентрализација, смета Поцков.

-Преголема е зависноста од централната власт. Нашиот буџет е 570 милиони денари,а само околу 230 милиони е основнен буџет,  додека останатите 65% е од државата.Мора да се помине кон повисок степен на децентрализација со поголема можност за развој на општината, вели Поцков.

Анализиарајќи го периодот од актуелниот мендат од 3,5 години, Поцков истакнува дека целосно му се сменила перцепцијата за улогата на градоначалникот од таа што ја имал пред доаѓањето на чело на општината.

-Кога дојдов во 2017 година, долгот на општината  беше 143 милиони денари, што е повеќе од половина буџет. Друго ќе беше ако не беше проблемот со враќање на пари кон локалните фирми. Битно е и кредитната задолженост – Гевгелија има кредит кај Светска банка и Европска банка, каде имаме околу 2 милиони кои треба да се враќаат – околу 120.000 евра да се враќаат од основниот буџет. Освен тоа, голем дел од работите што ги бараат граѓаните не се во наша надлежност, но нема бегање, се вртат телефоните, се бара решение.

Ако по нешто е препознаена локалната власт е финасискиот долг, нема нови долгови, исплатите се редовни, а за новиот водовод се исплака петтата рата – тоа се скоро 22 милиони исплатени и рамномерниот развој. Има три крупни инвисиции во градот, но се вложува и во 12 населени места. Имаше три населени места каде ништо не се вложило. Четири села немаат канализација и се уште немаат. Со 890.000 евра со Владата, ќе се гради улица во село Мрзенци, ќе се гради и каналзиација во две населени места. Наплатени се пари за комуналии од претходниот граданачалник но во три населби Мрзенски рид, Касарни и Караорман нема инфраструктура, што сега ја поставуваме, објаснува градоначалникот Поцков.

Во интервјуто за ММС, градоначалникот на Гевгелија кажува и дека 20 детални урбанистички планови  дуопови чекаат на одобрување, а дел и поради неможноста да се испита Вардарски рид и археолошкото богатство – го има или нема. Без тоа не може да се влезе во процедура, како што е случајот со ДУП-от за новата градинка, што е неопходност, бидејќи меѓу 80 и 100 деца секоја година чекаат за прием. Решението е најдено во поделба на планот и тој проблем засега е решен.