Советниците на Советот на Општина Крушево на последната 70-та седница изгласаа одлука за доделување на средства за набавка на дигитални алатки на основните училишта во општина Крушево.

Надополнувањето на блок дотацијата на ООУ „Никола Карев“ изнесува 700 000 денари, додека за ООУ „ Св. Кирил и Методиј“ во с. Бучин изнесува 300 000 денари. Со овие средства ќе се набават дигитални алатки и ќе се олесни и овозможи процесот на дигитализација и учење на овој начин.

 Локалната самоуправа презеде обврски овој процес за учениците од општина Крушево да биде полесен и училиштата да ја започнат новата учебна година со соодветна опременост, со обезбедување на средства за реализирање на процесот на дигитализација.