Потпишан е договор за набавка на возило за чистење на снег со придружна опрема ќе ги збогати постојната механизација и возниот парк на ЈП „Комуналец“ од Крива Паланка. Договорот  за грант во Министерството за локална самоуправа, го потпиша градоначалникот Борјанчо Мицевски преку  проектот „Безбеден сообраќај во зимски услови во Општина Крива Паланка”.  Возилото е набавено преку повик на Бирото за регионален развој, во рамки на програмата за намалување на диспаритети помеѓу планските региони.

Висината на грантот е 3.075.000 денари. Во последните 3 години за јавното претпријатие од различни извори на финансирање се обезбедени вкупно десет возила, од кои седум нови и три половни.