„Маалски муабети“ е серијал кој започна со скопскиот градоначалник Петре Шилегов и личности за кои главниот град Скопје има посебно место во нивното срце.

Тој ќе каже дека Скопје има многу приказни, неко се случиле, а некои допрва треба да се случат.

„Скопје има многу приказни. Приказни кои се случиле и приказни кои допрва треба да се случат. Сите подвизи, сите лични и колективни успеси но и неуспеси, сите оние настани и нешта кои се случиле и нè обединуваат како сограѓани и жители на Скопје, без разлика дали сме се родиле тука или со текот на времето Скопје едноставно станал наш град“, стои во постот на Фејсбук.

Во „Маалски маубети со Петре Шилегов“ како прва гостинка беше Андријана Будимир.

„Една од тие приказни е и на личност која неизмерно ја почитувам, а тоа е легендарната ракометарка Андријана Будимир. Можеби не може да каже дека се родила тука, но со своите успеси многупати докажала дека Скопје е и нејзин град, а скопјани тоа го препознаа и ја прифатија како отсекогаш да била една од нас“, напиша Шилегов.

Во дел од видеото градоначалникот открива детали и за неговиот татко кој во поранешно Скопје, ракомет играл на фудбалско игралише со фудбалска топка и бил голман. Во текот на разговорот гостинката Будимир покрај тоа што раскажуавше како го засакала Скопје, што и е најубаво во овој град, таа сподели еден недостаток. Бидејки како што вели живее на Рузвелтова, се пожали на бучавата од брзи мотори. Побара помош од скопскиот градоначалник, дали ќе може да помогне во овој проблем.

На ова Шилегов кажа дека во подготовка е закон за дигитализација на Скопје, со што брзите и бесни возачи ќе бидат санкционирани со камери кои ќе фотографират.

„Ќе го дигитализираме Градот и ќе поставиме и камери за следење и фотографирање на сообраќајот. Треба да има некои измени во законот, предложивме предлози, дадени со Влада. Поентата е да може камерите да фотографираат кога го правиш прекршокот а потоа врз основа ан тоа да се плати казна“, вели Шилегов.

На прашањето од скопскиот градоначалник, што би сакала повеќе да гледа во Скопје, Будимир побара, повеќе зеленило, паркови, легнати полицајци и нова Универзална сала.