Ова е терминот кој го резервиравме за да ви ги претставиме новитетите во општина Град Скопје. Следните 10 минути исполнети со настани, градежни активности, реализирани проекти, како и занимливости за најмалите ви го носиме Неделниот бриф.
Во минутите пред нас ве брифираме за следните актуелности:
*Скопје доби уште една Зоолошка градина – Дворот на СУГС „Браќа Миладиновци“ претворен во мини зоо парк отворен за посетители
*По педесет години се реконструираат патеките во вториот дел на Градскиот парк
*Културни настани во јуни на Зелените покриви во Скопје
*Одбележан Светскиот ден на заштита на животната средина
*Улицата Белградска во Општина Центар ќе добие нова водоводна линија
*Во четири скопски општини поставени осум нови пунктови на ЈП Комунална Хигиена