Со свечена седница и скромно, општина Карбинци го одбележа својот ден, Свети Спас. Оваа година одбележувањето и во знак на јубилејот-25 години од постоењето на општината.

Сите инвестиции во вкупна вредност од  7 милиони евра и околу 60 реализирани проекти за период од три години , главно во инфраструктурата, водоснабдувањето, зафаќање на отпадни води и решавањето на проблемите со собирањето на смет, се’ во функција на подобрување на животот на жителите во општината, изјави градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.

„Секако решавањето на проблемите со водоснабдувањето беше приоритет,“ потенцира Насев. За оваа намена се инвестирани околу 190 милиони денари, 161 на пречистителната станица и околу 30 милиони денари за подобрување на водоснабдувањето.

Во локални патишта и улици општината инвестира вкупно три милиони евра а реализирани се околу 28 проекти.

„Асфалтирани се пристапни патишта до планинските населени места, реконструкција на локален пат Карбинци-врска со регионалниот пат Р 2431 и изградба на мост на Козјачка река, изградени се и асфалтирани улици во речиси сите населени места, локални патишта а дел од активностите бае насочени и на одржување на земјени патишта,“ потенцира Насев

Инвестирани се околу 70 милиони денари на проекти за одведување и пречиствување на отпдни води, а 16 милиони денари на прокети за управување со комунален отпад.

„ Обезбедена е опрема за собирање и транспортирање на комунален отпад а набавени се и 1500 пластични канти и 40 метални контејнери за отпад кои се поделени на домаќинствата и компаниите,“ информираше градоначалникот.

Покрај овие проекти, информира градоначалникот има и проекти кои што се во те и кои што треба да се реализираат.  За дел од овие проекти општината има обезбедено средства. Во рамките на проектот „Македонија без кал“, општината има обезбедено 660.000 денари за реконструкција на локалниот пат помеѓу селата Таринци и Долни Балван. Патот е во должина од два километри со пешачка патека, осветлување и проширување на коловозот. Во тек е изградба на обиколкница во село Долни Балван, во должина од еден километар , којашто во голема мера ќе го олесни секојдневието на жителите во општината.