Убавото сончево време е идеално наместо автомобил, да земете велосипед и да прошетате низ дебелите сенки, парковите и вело патеките низ Скопје.

„Секојдневно работиме на тоа Скопје да прерасне во град во кој движењето со велосипед ќе стане еден од главните начини на транспорт. Особено сме горди дека Скопјани сѐ повеќе уживаат со своите велосипеди, дали е тоа на пат накај работа, некоја друга дестинација или едноставно рекреативно возење. А речиси совршената географска поставеност на Скопје за возење велосипед е еден од главните предуслови за поекономичен и побрз начин на транспорт, како и за здрав и поквалитетен живот и нови здрави навики“, напиша градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Во Скопје има нови 37 вело и пешачки ленти, а 100 километри велосипедска инфраструктура.