Вечерва на градскиот плоштад во Куманово, од 17:00 – 20:00 ќе се одржи настанот „Бегалци и книги” кој го организира Центар за интеркултурен дијалог заедно со своите волонтери.

Настанот е од отворен тип и на истиот може да проследите мала изложба од фотографии кои ги фотографираа деца од бегалскиот камп на Табановце, да донирате книги на арапски или англиски јазик (книги на останатите јазици се исто така добредојдени), да ги споделите вашите мислења за бегалската криза и да ја испратите вашата порака до јавноста.

Настанот е дел од активностите на проектот Волонтирање за вклученост и толеранција, дел од програмата Еразмус + и е поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, а финансиран од Европската комисија.