Светското првенство во змајарство кое што требаше да се одржи од 17 до 31 јули, 2021 година во Крушево се одложува за 2023-та година.

И покрај потврдата која општина Крушево ја доби, сепак заради откажување на неколку европски земји, САД и Бразил, првенството заради Ковид-19 протоколите се одложува на 2 години.

„Пред неколку седмици добивме потврда дека првенството ќе се одржи, но протоколите кои продолжуваат да важат, особено во европските земји, доведоа до тоа поголемите земји да се повлечат. Со оглед на тоа првенството на некој начин губи смисла и врз основа на тоа се одлага. Позитивната работа е што местото на одржување останува Крушево и ние во меѓувреме ќе продолжиме со работа во областа на авантуристичкиот туризам и подобрување на условите за практикување на спортовите како параглајдерство и змајарство“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.