Објавениот оглас за закуп на земјоделско земјиште е причина за незадоволството на земјоделците од село Таринци. Тие својот револт го изразија пред општинската зграда а беа примени на разговор од страна на градоначалникот, Јордан Насев.

 „Денес oстварив средба со незадоволни земјоделци од село Таринци на барање на МЗ Таринци. Незадоволството на земјоделците е поттикнато од повторно објавениот оглас за закуп на земјоделско земјиште. Земјоделците упатија барање до МЗШВ да се иземени-стопира поделбата на земјоделските површини објавени во оглас бр.01/21 за географска целина бр.24 Штип, за КО Таринци со вкупна површина од 44,88 хектари, “ информираше градоначалникот Насев.

Незадоволните земјоделци сакаат целата ова површина од 44,88 хектари распоредена на 10 катастерски парцели,  да биде огласена во нов оглас за закуп до 3 хектари, на кој оглас би можеле да конкурираат повеќе земјоделци.